Транспорт

Ќе се формира извршно тело за безбеден сообраќај

11.05.2018 12:44

Програмата за транспорт до 2020- та ќе ги опфати реализацијата на неколку проекти меѓу кои третата делница од пругата Крива Паланка до бугарска граница, експресниот пат Градско- Дреново, патот Прилеп - Раец.

Секторската група за транспорт составена од кредитори, донатори и претставници на институциите на маса ги разгледува опциите за тоа како ќе се инвестираат 128 милиони евра.

Од нив 108 милиони се европски пари, а 20 се обезбедени од буџетски средства. Програмата за транспорт до 2020- та ќе ги опфати реализацијата на неколку проекти меѓу кои третата делница од пругата Крива Паланка до бугарска граница, експресниот пат Градско- Дреново, патот Прилеп - Раец.

Сугарески најави формирање на извршно тело кое ќе треба да се грижи за безбедноста во сообраќајот. Според европскиот преставник Бертолини, модерен транспорт може да овозможи полесно поврзување на земјите.

„Се радуваме што платформата за безбеден транспортен сообраќај почнува да се применува. Европската комисија инвестира пари со цел транспортот, железнички или патен, пред сѐ, да биде сигурен и модерен. Ова ќе овозможи земјите да имаат подобро поврзување“, изјави раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини.

Од Министерството за транспорт и врски најавуваат дека во скоро време ќе биде и објавен тендерот за нискобуџетните авиокомпании. Се усогласуваат критериумите, а целта е унапредување на моделот за субвенционирање. Од ресорот велат дека повеќе летови би биле насочени кон Охридскиот аеродром.

 

Дијана Ценевска