Иран

Техеран: Сирија има право да се брани

11.05.2018 12:55

Нападите врз иранските сили во Сирија се јасна порака до сирискиот претседател Асад, вели израелскиот премеир Нетанјаху. Техеран и Тел Авив разменија проектили гаѓајќи ги позициите на армијата во Сирија и во Израел...

Иран го поддржа правото на Сирија да се брани од агресијата на Израел и ја обвини меѓународната заедница за молк по израелските напади на клучниот сојузник на Техеран во регионот.

Портпаролот на министерството за надворешни на Иран, Касеми рече дека Сирија има право на самоодбрана.

Израелските власти соопштија дека војската извела напади врз речиси комплетната воена инфраструктура во Сирија, по што иранските власти за првпат истрелаа ракета кон територијата под контрола на Израел.

Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека нападот врз положбите на иранските сили во Сирија е јасна порака до сирискиот претседател Башар Ал Асад да не го напаѓа Израел. Тој наведе дека неговата земја е во „постојана кампања“ и оти израелската војска извела обемно ракетирање врз ирански цели во Сирија.

„Иран ја премина црвената линија. Одговоривме соодветно. Беа изведени напади врз цели во Сирија. Благодарение на нашите сили, иранската акција беше неуспешна. Ниту една ракета не падна на израелска територија. Нашата политика е јасна – нема да му биде дозволено да се наметне воено во Сирија. Повторувам, секој кој ќе се обдие да не повреди, ние ќе го повредиме повеќе“- нагласи Нетанјаху.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш повика на итен прекин на сите непријателски активности и провокации за да се избегнат судири на Блискиот Исток. Иранските сили изведоа ракетен напад врз израелските воени бази на Голанската Висорамнина, по што Израел остро одговори. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во израелските напади загинале најмалку 23 луѓе, меѓу кои и пет сириски војници.

Марина Ристова