Шаќири се повлекува од советничкиот тим на Заев
Премиерот денеска во Охрид рече дека контактирал со Шаќири, кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет.

Премиерот Заев ја најави оставката на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа од функцијата советник. Премиерот денеска во Охрид рече дека контактирал со Шаќири, кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет.
„Шаќири ми кажа дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и нему му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата“, изјави Заев.
Според Шаќири, преголема врева е крената во медиумите. Шаќири за МИА изјавил: Не ми е до парите, не ми се потребни, нека си ги земат назад. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат кон ЕУ и НАТО.
