Македонија- Турција
Иванов- почесен доктор на науки на универзитетот „Џумхуријет“
11.05.2018 13:05
Тој одржа предавање во оваа реномирана високообразовна институција во коешто нагласи- маркантната фигура на Кемал Ататурк е фактор на поврзување меѓу Македонија и Турција.

Престижниот универзитет „Џумхуријет“ во Сивас му додели титула почесен доктор на науки на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Тој одржа предавање во оваа реномирана високообразовна институција во коешто нагласи- маркантната фигура на Кемал Ататурк е фактор на поврзување меѓу Македонија и Турција.
Иванов ќе учестува на Глобалниот форум за лидерство во Истанбул каде што ќе се дискутира за променливиот изглед на регионите, како крстопат на меѓународните алијанси.
