Трамп: Самитот со Северна Кореја ќе биде успешен
Историска средба меѓу американскиот претседател Трамп и севернокорејскиот лидер Ким. Ќе се одржи 12-ти на јуни во Сингапур. Ким не е лош човек, ова е добро и за Јапонија, за Јужна Кореја и за Кина, рече Трамп.

Самитот за Северна Кореја ќе претставува успех, оцени американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот со Ким што ќе се оддржи на 12-ти јуни во Сингапур, го потврди и претседателот Трамп на Твитер, нагласувајќи дека обајцата ќе се потрудат од ова да направат еден специјален момент за светскиот мир.
Најавата за долгоочекуваната средба доаѓа на три дена по ослободувањето на тројцата Американци кои што беа затворени во Северна Кореја.
„Ким Јонг ун си направи голема услуга на себе си и на својата земја со ова што го направи. Овие заложници си дојдоа со почит, не плативме за нив. Ќе седнеме на маса, ќе направиме еден голем договор за светот, за северна Кореа, за Јужна Кореа, за Јапонија и за Кина“- рече претседателот Трамп.
Веста за Самитот и средбата ја поздрави и јапонскиот премиер Абе, изразувајќи надеж дека самитот ќе создаде услови за напредок во клучните прашања, како нуклеарното и ракетно оружје на северна Кореја, но и затворањето јапонски државјани.
„Ќе контактираме со претседателот Доналд Трамп за време на подготовките на Самитот, за да му ги пренесам ставовите на Јапонија по овие прашања. Ќе имаме блиска соработка со САД, северна Кореја, Русија, Кина и со меѓународната заедница за да обезбедиме успех на разговорите“, рече јапонскиот премиер Шинзо Абе.
На ваквиот развој на настаните му претходеше жестоката реторика меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, според многумина и на раб на војна. Тензиите почнаа да се смируваат откако северна Кореја се откажа од натамошно нуклеарно тестирање на проектили со долг дострел и беше оддржана историската средба меѓу лидерите на Северна и Јужна Кореа.
Марија Котовска
