Скопје
Цвеќари ја блокираа улицата кај Бит Пазар
11.05.2018 13:18
Се спротивставуваат на одлуката на Општина Чаир и на Град Скопје нивните диви штандови да бидат преместени зад поликлиниката Бит Пазар. Според нив, на понудената локација немало движење на граѓани.

Протести на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар. Продавачите на цвеќиња го блокираа булеварот. Поставија тенди на коловозните ленти.
Се спротивставуваат на одлуката на Општина Чаир и на Град Скопје нивните диви штандови да бидат преместени зад поликлиниката Бит Пазар. Според нив, на понудената локација немало движење на граѓани.
Надлежните останаа на одлуката- тезгињата да бидат преместени за да има безбедност во сообраќајот.
