Граѓаните финансиски да се едуцираат, за да се избегнат ризици
Како да се избегнат финансиските ризици, граѓаните ги прашуваат надлежните. Министерот Тевдовски ги повика да дадат забелешки во делот на создавањето на државниот буџет. Следуваат денови на финансиска писменост во Скопје.

„Поставувајте прашања за да ги спречите финансиските ризици“- на Денот на финансиската писменост надлежните со апел до граѓаните. Најзаинтересирани за тоа како се крои државната каса, како да се штеди, да се земе најповолен кредит, да се осигура од ризици. Добија одговори од банките, штедилниците, осигурителните компании, пензиските фондови.
Министерот Тевдовски ги повика да дадат забелешки во делот на креирањето на буџетот. Оние што ги знаат основните ризици во финансиите полесно ќе се справат со предизвиците, порача гувернерот Богов.
Големата светска финансиска криза донесе потреба од финансиска едукација и таа е главен фактор на еден финансиски систем, велат од Агенцијата за супервизија. Институцијата има развиено алатки за едукација која треба да ја крене свеста кај населението за потребата од осигурувањето како најдобар начин за справување со ризиците.
Покрај граѓаните, едукација имаа и ученици. Деновите на финансиска писменост се одржуваат втора година.
Викторија Милевска
