Влада на РМ

Шаќири се повлече од тимот на Заев поради реакциите во јавноста

11.05.2018 15:31

Реакциите од јавноста го притиснаа „Командант Хоџа“ да се повлече советничката позиција за безбедност и радикализам. Премиерот Заев имал цел да покаже инклузивен процес...

Џезаир Шаќири се повлекува од владниниот кабинет на Заев од позицијата надворешен советник за безбедност и радикализам. Му пречеле реакциите во јавноста. Напиша дека не сакал да им наштети на премиерот и на земјата на патот кон ЕУ и НАТО. Заев вели дека целта била да се покаже инклузивен процес.

„Во Владата внимателно слушаме, реакциите се серизони. Во контакт сум со човекот којшто и најавува свое повлекување за доброто на државата, не сака да има такви реакции, ја сака Република Македонија, но секако во текот на денот ќе најавам кои ќе бидат нашите следни чекори“, изјави премерот Заев.

Срамно е образложението дека таканаречениот „Командант Хоџа“ самиот решил да се повлече од функцијата поради тоа што ја сакал Македонија. Хоџа јасно вели дека не го интересира дали Македонија ќе постои или нема да постои, коментираат од ВМРО- ДПМНЕ и пуштија видео- снимки со ставовите на Хоџа.

Ваквото однесување на Зоран Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и со нејзините институции е недозволиво. Зоран Заев и сите оние кои ги вршеле безбедносните проверки за Командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност. Пред само неколку дена дури и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Џезаир Шаќири- Командант Хоџа е на американската црна листа. Тој учествуваше во конфликтот во 2001-ва година, подоцна беше амнестиран. Во своите јавни настапи заговараше паралелни институции или припојувања на делови од земјава кон Албанија и Косово.

 

Миле Ристески