Ќе биде ли САД и понатаму „светски полицаец“ во меѓународната политика?

26.02.2014 09:55

Соединетите Американски држави и натаму ќе имаат носечка улога во меѓународната политика во светот. Во Вашингтон по намалувањето на буџетот, се води дебата на кој начин ќе се постигне ова, дали повторно со воено присуство или соработката со останатите светски сили.

Десет години по интервенцијата во Ирак и 5 години од светската економска криза, Соединетите Американски држави се на крстосница околу нивната улога во светот во наредната деценија. Во Вашингтон постои дебата дали САД се уште треба да бидат светски полицајци или пак одговорноста да ја споделат со останатите светски сили. Роберт Киган, влијателниот експерт од институтот Брукингс и сопруг на заменик државниот секретар за Европа, Викторија Нуланд, смета дека Америка треба да продолжи да биде поборник за демократијата во светот.

-„Американската улога останува клучна. Прашање е само дали Американците можат и сакаат да продолжат да ја играат оваа улога,“ изјави Роберт Киган- постар советник во институтот Брукингс во Вашингтон

Светот се соочува со нови предизвици. Иако заеднички се надминува економската криза, сепак Русија и државите во подем како Кина не се согласуваат со ставовите на Америка околу кризните ситуации во Сирија, Украина и Венецуела.

„Дејствувањето на Соединетите Американски држави се сведува на политичка волја и лидерството на Претседателот. Тие имаат улога да ја водат јавноста да го разбере проблемот и зошто е потребна акција,“ Изјава Џереми Шапиро- постар советник во институтот Брукингс.

Европа, а уште помалку Западниот Балкан не се интересна тема ниту за американските експерти.

„Според американските експерти, излезот од економската криза ќе биде предизвик за САД и во наредната деценија.„


Ирина Гелевска