Македонија претставена на Туристичкиот форум во Србија

11.05.2018 16:29

На Туристички форум на Србија гостин е и делегација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија, предводена од директорот Љупчо Јаневски...

На годинешниот Туристички форум на Србија на Палиќ крај Суботица, на кој покрај министерот за трговија и туризам Расим Љаиќ и националната туристичка организација, учествуваат сите туристички организации во Србија, гостин е и делегација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија, предводена од директорот Љупчо Јаневски.

„Остваривме средби со ЈУТА, остваривме средби со националната туристичка организацијаи пративме силна порака како треба заедно да ги интегрираме дестинациите, и како заеднички да се промовираме на пазарот.Следната недела продолжуваме во Скопје, каде со националните туристички организации на Србија и на Црна Гора, ќе имаме трилатерален состанок каде ќе изградиме еден заеднички производ, тоа е „Патот на вранецот“, со што ќе ја издигнеме винската култура и од 2019 година овој производ ќе го промовираме како една заедничка дестинација на западноевропските пазар“, изјави Јаневски.

Времето на ниските цени, продавањето само на соби и на поглед е веќе завршено во светски рамки, а целта е повеќе да се размислува на содржините кои се нудат, на дополнителните туристички производи и на се она што треба да се направи за да туристите се задржат уште  ден- два на дестинацијата на која престојува- констатираа на средбите македонските и српските туристички работници.

 

Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ