Битола

Заев: Обезбедена рекордна државна помош, компаниите да ги искористат мерките

11.05.2018 16:37

Премиерот Заев ги повика битолските стопанственици да ги искористат мерките за малите и средните претпријатија. Рече дека е обезбедена рекордна државна помош од 10,5 милиони евра. Економскиот план предвидува и поддршка и за брзорастечките компании таканаречените „Газели“ со 30 проценти поврат на инвестициите...

Со третиот столб на поддршка од Планот за економски раст, малите и средни претпријатија ќе добијат рекордна државна финансиска помош. За прв пат од државниот буџет обезбедени се 10,5 милиони евра само за нивна поддршка. Сакам фирмите да аплицираат за мерките и да ги исцрпат сите средства, рече пред битолскиот биснис сектор премиерот Заев.

„Економскиот план предвидува подршка и за брзорастечките компании таканаречените „Газели“, со 30 проценти поврат за направените инветиции. За направените инвестиции иста ќе биде подршката и за микро претпријатијата, а за малите и срените претпријатија поврат до 70 проценти од направените инвестиции во областа на иниваторството“, рече премиерот Зоран Заев.

Финансиски пакет која треба да даде економски полет на компаниите, но и можност во функција се стават потенцијалите на на општината.

„Ме радува тоа што и стопанствениците имаа можност да ги кажат своите проблеми и потреби како би можела централната власт да одговори на истите“, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

На средбата со стопанствениците премиерот Заев и за политиките на пораст на платите, односно мерката со која дополнително, како што рече, се засилува спиралата на платите. Се работи за мерка со која Владата ќе обезбеди до 30 насто поддршака од растот на бруто платата на работниците во трудоинтензивните дејности. Мерката ќе се однесува на исплатени или покачени плати до 18 илјади денари. Според него, тоа ќе овозможи личните доходи да растат, а притоа компаниите да останат стабилни.

Стевче Митревски