Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп

14.05.2018 07:50

Почетокот на втората фаза ќе го означат премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт Горан Сугарески...

Втората фаза од експресниот пат Градско- Прилеп почнува денеска со изградба на делницата Градско- Дреново, во должина од 16 километри.

Проектот е вреден 23 милиони евра, а ќе трае две години. Изведувач е италијанската компанија „Тирена Скави“.

Почетокот на втората фаза ќе го означат премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт Горан Сугарески.