Преговорите со Србија сѐ уште траат
Македонија и Србија имаат уште месец и половина за да се усогласат околу признавањето на сертификатите. Со тоа трговијатата на земјоделско- прехранбените производи ќе биде побрза и со помали трошоци. Истовремено течат и преговорите за заедничко решение за контролните маркички на брашното...

До 30-ти јуни се очекува усогласување и потпишување на двата договори од областа на безбедност на храна и на фитосанитарната соработка.
Тоа ќе значи меѓусебно признавање на сертификатите за побрз проток на пратките, пониски трошоци и поголема конкурентност на македонските производи. Со потпишување на Договорите, за 15 дена треба да се скрати и времето на чекање за лабораториско испитување на млечните производи односно на јогуртот и на млекото.
Кај извозот на македонските преработки од месо, цените за лабораторските испитувања треба двојно да се намалат, а чекањето на граница за добивање на резултати од анализите наместо досегашните 12 дена ќе се скрати смо на 1 ден.
Македонските извозници на градинарски култури резултатите од анализите ќе ги добиваат за 1, а не како досега за 2 до 3 дена, а со меѓусебното признавање на сертификатите драстично ќе се намалат и трошоците за анализи.
Во преговорите со Србија продолжува да се бара и заедничко решение за контролните маркички за брашното.
Методија Трајков
