Ердоган: Британија е вистински пријател на Турција
Обраќајќи се на форум посветен на Британско- турските односи, Ердоган нагласи дека Владата на Велика Британија во јули 2016 година веднаш го осуди обидот за воен удар во Турција и дека Анкара никогаш нема да ја заборави таа солидарност.

Велика Британија е сојузник, стратешки партнер, но и вистински пријател на Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Лондон.
Обраќајќи се на форум посветен на Британско- турските односи, Ердоган нагласи дека Владата на Велика Британија во јули 2016 година веднаш го осуди обидот за воен удар во Турција и дека Анкара никогаш нема да ја заборави таа солидарност.
Во рамки на посетата на Велика Британија, Ердоган ќе се сретне со Кралицата Елизабета Втора како и со британската премиерка Тереза Меј.
