МАНУ ќе промовира книга за Омер Калеши од академик Луан Старова
14.05.2018 10:31
Промотор на книгата ќе биде академик Ферид Мухиќ. Промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, Таки Фити, а ќе се обратат и уметникот Калеши и авторот на книгата Старова.

Македонската академија на науките и уметностите напладне ќе го промовира делото разговори со Омер Калеши, Скопје - Истанбул - Париз од академик Луан Старова.
Промотор на книгата ќе биде академик Ферид Мухиќ. Промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, Таки Фити, а ќе се обратат и уметникот Калеши и авторот на книгата Старова.
МАНУ во април лани отвори изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши, кој пред четири години доби и Медал за заслуги за македонија од претседателот Ѓорге Иванов.
