Рок од 60 дена за гаранции за Иран
Ова е првпат официјален Техеран да побара рок за гаранции од останатите потписници на Нукеларниот договор. Иранскиот дипломат додаде и дека доколку Европејците не дадат гаранции, лидерите на земјата ќе треба да донесат неопходни одлуки.

Висок ирански претставник соопшти дека европските земји имаат 60 дена за да гарантираат дека интересите на Иран ќе бидат заштитени во рамките на Нуклеарниот договор, по излегувањето на САД.
Ова е првпат официјален Техеран да побара рок за гаранции од останатите потписници на Нукеларниот договор. Иранскиот дипломат додаде и дека доколку Европејците не дадат гаранции, лидерите на земјата ќе треба да донесат неопходни одлуки.
Иранскиот министер за надворешни работи Зариф во Пекинг почна дипломатски маратон со надеж да договори „јасна идна рамка“ за Нуклеарниот договор по повлекувањето на САД.
Зариф денеска е во посета на Москва, а потоа ќе отпатува во Брисел, каде ќе се сретне со колегите од Франција, Велика Британија и Германија.
