МИ5: Велика Британија и ЕУ треба да работат заедно по Брегзит
14.05.2018 12:15
Експертите оценуваат дека Велика Британија, како важна разузнавачка сила во Европа, со ова бара нов сојуз за безбедност со блокот...

Велика Британија и Европската Унија треба да изградат тесно партнерство во безбедноста по Брегзит, за да спречат напади на екстремистите од Исламска држава и злонамерни обиди на Русија да ги поткопа западните демократии, изјави шефот на британската служба за внатрешна безбедност и контраразузнавање МИ5, Ендрју Паркер.
Експертите оценуваат дека Велика Британија, како важна разузнавачка сила во Европа, со ова бара нов сојуз за безбедност со блокот, за да си обезбеди пристап до тајни информации од главните земји членки на ЕУ.
