Горивата поскапуваат од полноќ
14.05.2018 12:53
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека бензинот од 95 октани и екстралесното лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,5 денар за литар, а дизелот за денар. Бензинот од 98 октани ќе биде поскап за 2 денара, а мазутот за 2,1 денар за килограм.

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека бензинот од 95 октани и екстралесното лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,5 денар за литар, а дизелот за денар. Бензинот од 98 октани ќе биде поскап за 2 денара, а мазутот за 2,1 денар за килограм.
Причини за корекциите на цените се порастот на берзанската цена на суровата нафта и скокот на девизниот курс на американскиотдолар во однос на денарот, во изминатите 14 дена.
