Од утре во оптек нови полимерни банкноти од 10 и 50 денари
Со почетокот на употребата на новите банкноти од оптек се повлекуваат досегашните книжни 10 и 50 денари кои нема да бидат законско средства за плаќање, соопшти Централната банка.

Од утре во оптек влегуваат првите полимерни пари, во апоенска вредност од 10 и 50 денари. Со почетокот на употребата на новите банкноти од оптек се повлекуваат досегашните книжни 10 и 50 денари кои нема да бидат законско средства за плаќање, соопшти Централната банка.
Основната разлика меѓу полимерните и книжните пари е материјалот што се користи како подлога за печатење. Во соопштението Народна банка на Република Македонија се појаснува дека поради постигнување компатибилност, направено е соодветно приспособување на основниот дизајн.
Меѓу другото, наместо водениот печат што го содржеа книжните, полимерните пари ќе содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливи елементи од нивниот оригинален дизајн.
Народната банка ги потсетува граѓаните и правните лица дека доколку и од утре, 15-ти мај, поседуваат книжни пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари, нив ќе можат бесплатно да ги заменат за други пари или ковани монети во еквивалентен износ.
