Италија доби нова Влада

14.05.2018 13:55

Сѐ уште не е познат кандидатот за нов премиер, кој треба да го добие мандатот од италијанскиот претседател Серџо Матарели оваа недела.

Коалиција од две популистички партии ќе ја формира новата Влада на Италија. Движењето „Пет ѕвезди“ и десничарската партија „Лига“ постигнале договор за формирање на Влада.

Сѐ уште не е познат кандидатот за нов премиер, кој треба да го добие мандатот од италијанскиот претседател Серџо Матарели оваа недела.

Движењето „Пет ѕвезди“ ветува донации за сиромашните италијанци, а десничарската „Лига“ сака да ги намали даноците.