Судот ги прифати новите докази на СЈО за „Тенк“
Обвинителот Стевчо Донев рече дека новите докази биле добиени со замолница за меѓуанродна правна помош, содржи 58 страници на македонски, германски и англиски јазик. Станува збор за е-маил комуникација меѓу Дајмлер бенц и Мак аутостар.

Судечкиот совет го одби приговорот на одбраната на обвинетите во „Тенк“ и прифати СЈО да ги презентира новодобиените докази.
Обвинителот Стевчо Донев рече дека новите докази биле добиени со замолница за меѓуанродна правна помош, содржи 58 страници на македонски, германски и англиски јазик. Станува збор за е-маил комуникација меѓу Дајмлер бенц и Мак аутостар.
Адвокатите на обвинетите беа против судот да ги прифати новите докази на СЈО, но по инсистирањето на обвинителите дека станува збор за битни докази, Судечкиот совет реши да ги прифати и да бидат разгледувани во постапката.
Содржината на новите докази не беше презентирана на денешното рочиште, а расправата продолжи со изведување докази на одбраната.
