Невработеноста и политичката криза ги избркаа младите од Македонија
Неофицијално, за десет години, 25 насто од високообразовниот кадар ја напуштил земјава. Главен приоритет за Владата е да се спречи овој процес, а дел од мерките е и младинската гаранција- вели министерката за образование и наука...

Ниските плати, политичката криза, неможноста да се стигне до работно место ги избрка младите од државата. Официјална статистика, колку Македонци работат и жевеат надвор од границите, нема. Според неофицијалните податоци само во изминатите 10 години се отселилe четвртина од високообразовниот кадар. Невладините бараат долгорочни мерки. Фокусот, велат, мора да биде на образованието.
Спречувањето на одливот на мозоци е главен приоритет на Владата. Со крајот на политичката криза, рече министерката Дескоска, се подобриле условите за младите да останат во земјата. Посочи дел од владините мерки кои според неа треба да го подобрат животот во земјава.
Дел од проектите за спречување на одливот на мозоци е и младинската гаранција. Мерка која предвидува државна помош за вработување на високообразовани кадри во приватниот сектор.
Викторија Милевска
