Нов круг преговори за иднината на Сирија
Во преговорите учествуваат делегација на сириската влада предводена од постојаниот претставник во Обедеинетите нации, Башар Џафари и претставници на вооружената опозиција.

Во Астана, главниот град на Казахстан, денеска и утре се одржува деветтиот круг од преговорите за иднината на Сирија, под покровителство на Русија, Иран и Турција.
Во преговорите учествуваат делегација на сириската влада предводена од постојаниот претставник во Обедеинетите нации, Башар Џафари и претставници на вооружената опозиција.
Како набљудувач ќе учествува и специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стафан Де Мистура и делегација од Јордан. На оваа рунда преговори нема да има претставници на САД.
Тема на разговорите во Астана е ситуацијата во четирите зони за деескалација во Сирија – во Источна Гута, во реонот северно од Хомс, во Идлиб и во Јужна Сирија.
Се разгледуваат и перспективите за политичко решавање на сириската криза, во пресрет на обновените меѓусириски преговори во Женева.
