24- часовен приоритетен проток за извоз на жива стока
24- часовен слободен кридор за извоз на жива стока, свежи производи и запалливи материи, приоритетна лента се воведува на граничните премини Табановце и Богородица. Надлежните тврдат двојно ќе се намали времето на чекање. Ќе изнесува максимум час и половина.

Товарните возила со жива стока, свежи производи и опасни материи наместо четири часа, во текот на целиот ден ќе бидат приоритено пропуштани да вршат извоз на граничните премини Богородица и Табановце. Потпишан нов протокол, се воведува дополнителна лента, надлежните тврдат- двојно ќе се намали чекањето, максимум саат и половина ќе се задржуваат извозниците со брзо расипливи производи.
„Сметаме дека нема никаква пречка со дополнителни напори и интервенции да овозможиме 24- часовен проток на стоката, без да има потреба од никакви контакти и комуникации, туку да биде решено системски“, посочи министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски.
Долг период бизнис заедницата го бараше 24 часовниот слободен коридор за овие стоки за да се заштитат извозниците од долгите задржувања на граничните премин и од расипливоста на производите.
„Слободниот коридор ќе може да се користи и за стоката во новиот компјутеризиран транзитен систем, а транзитните документи да се отвораат и во внатрешните испостави за да можат што побргу да ја поминат граничната линија“, вели Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа.
Од Бирото за јавна безбедност велат дека се подготвени да го зголемат и бројот на полициски службеници на граничните премини за да се овозможи побрз и сигурен проток на овие возила.
„Наша обврска ќе биде и при влез заедно со царинските службеници да се овозможи приоритетно движење на граничната линија до царинските терминали на возилата на дополнителна лента“, рече Лазо Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност.
Досега возилата со жива стока, свежи производи и запалеви материи приоритено беа прпуштани само чеити часа, во периодот меѓу 21 и еден часот по полноќ.
Сузана Фиданска- Стоевска
