Почна изградбата на втората делница од експресниот пат Прилеп- Градско
Кај Росоман, денеска беше означен почетокот на изградбата на втората фаза од експресниот пат Прилеп- Градско. Ќе се градат нови 16 од вкупниот патен правец, од близу 34 километри. Патот ќе биде бенефит за околу 250.000 граѓани, за економски развој, ќе ги поврзе Вардарскиот со Пелагонискиот регион, а преку Коридорот 10 со Паневропската мрежа на коридори...

Сега почна, а за две години треба да биде готова втората делница од експресниот пат Прилеп-Градско во должина од 16 километри. Делницата Градско- Дреново чини 23 милиони евра, пари од Европската унија. Задоволени се сите безбедносни и технички стандарди и на граѓаните ќе им обезбеди сигурен транспорт и економски развој.
Експресниот пат Прилеп-Градско е дел од модерната патна мрежа во регионот и Европа. Европската Унија досега инвестирала 325, а во иднина уште 109 милиони евра во македонскиот транспортен сектор.
Експресниот пат Градско- Прилеп се гради во три фази и е со вкупна инвестиција од околу 60 милиони евра.
Според Владата, ова е градежно офанзивна година со обезбедени 270 милиони евра за повеќе од 60 патни правци од околу 800 километри.
Елизабета Митреска
