Прилеп

Донација за прилепската болница, но недостигаат специјалисти

15.05.2018 10:32

Прилепската болница која пружа здравствени услуги за преку 100.000 жители во регионот доби донација на болнички кревети. Од болницата велат- донатораството не треба да запре, но потребни се специјалисти...

Прилепската болница добива донации, но се обидува и да ги реши финансиските и кадровски проблеми. 44 електрични болички кревети, стигнаа во болницата како донација. Хуманитарната организација „Пламен на мирот“ ги испорача креветите, користени во Англија, но функлционални за потебите на пациентите во болницата.

Како и многуте медицински центри во државава, прилепската болница е на работ на катастрофа со недостиг од специјалисти. Од потребните 90 има само 65. Некои одделенија се на работ на затворање.

Болницата е со 40 милиони денари заостанати обврски, главно кон добавувачи и се обидува финансиски да се стабилизира.

Неодамна, поради хаварија со таван во болничка соба, за среќа празна, ќе ги ревидира обновувањата на просториите во повеќето болнички одделенија направени пред повеќе од една година.

 

Елизабета Митреска