Од денес во оптек нови полимерни банкноти од 10 и 50 денари

15.05.2018 10:35

Основната разлика меѓу полимерните и книжните пари е материјалот што се користи како подлога за печатење. Поради постигнување компатибилност, направено е соодветно приспособување на основниот дизајн, велат од Народна банка.

Од денеска во оптек првите полимерни пари, во апоени од 10 и 50 денари, а се повлекуваат книжните 10 и 50 денарки, соопшти Централната банка.

Основната разлика меѓу полимерните и книжните пари е материјалот што се користи како подлога за печатење. Поради постигнување компатибилност, направено е соодветно приспособување на основниот дизајн, велат од Народна банка.

Наместо водниот печат што го содржеа книжните, полимерните пари содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливите елементи од нивниот оригинален дизајн.

Народна банка ги потсетува граѓаните и правните лица доколку поседуваат книжни пари од 10 и 50 денари, ќе можат бесплатно да ги заменат за други пари или ковани монети во еквивалентен износ.