ВМРО-ДПМНЕ: Штетните политики на СДСМ удираат по џебот на граѓаните

15.05.2018 11:36

Опозициската партија бара данокот веднаш да биде укинат, бидејќи покачувањето на акцизата на дизелот ја предизвика спиралата на покачувања.

Штетните политики на СДСМ удираат по џебот на граѓаните. Покачувањето на акцизата на дизел горивата е директен удар врз најсиромашните, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија бара данокот веднаш да биде укинат, бидејќи покачувањето на акцизата на дизелот ја предизвика спиралата на покачувања.

Економијата систематски се разградува под водство на СДСМ. Власта  се злоупотребува само за лично богатење на поединци, а воопшто не се води грижа за граѓаните, стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.