Средба на високо ниво на Јужна и Северна Кореја
Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека предлогот за средбата закажана за утре дошол од Пјонгјанг.

Претставници на Јужна и на Северна Кореја договорија средба на високо ниво на која ќе се разгледаат неопходните чекори за исполнување на ветувањето корејскиот полуостров да биде зона без нуклеарно оружје.
Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека предлогот за средбата закажана за утре дошол од Пјонгјанг. Северна Кореја најави дека во периодот меѓу 23-ти и 25-ти мај ќе го затвори својот нуклеарен полигон за да го исполни ветувањето да запре со нуклеарните проби.
На 12-ти јуни во Сингапур ќе се одржи историска средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и американскиот претседател Доналд Трамп.
