Вашингтон
Помпео: Европските дипломати да ја сочуваат соработката
15.05.2018 12:41
Помпео ги повикал министрите за надворешни работи на Франција, на Германија и на Велика Британија да ја продолжат „силната соработка“ со САД, кои се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги повикал министрите за надворешни работи на Франција, на Германија и на Велика Британија да ја продолжат „силната соработка“ со САД, кои се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор.
Во јануари американскиот претседател Трамп им даде на трите европски сили ултиматум до 12-ти мај за да ги подобрат условите на договорот, кој го смета за несигурен.
И покрај напредокот во разговорите, Трамп објави дека ги повлекува САД од договорот.
