Димитров за „Та Неа“: Се наоѓаме во многу чувствителна фаза

15.05.2018 13:15

На инсистирањето за поконкретен одговор, посочил дека не може јавно да говори за случувањата, упатувајќи на изјавите на медијаторот Нимиц.

Во однос на разговорите за името со Грција, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров за весникот „Та Неа“ вели дека се наоѓаме во многу чувствителна фаза во прашањето. На инсистирањето за поконкретен одговор, посочил дека не може јавно да говори за случувањата, упатувајќи на изјавите на медијаторот Нимиц.

Министерот за надворешни Димитров денеска ќе се обрати пред членовите на Комисијата за европски прашања во холандскиот Парламент. Шефот на македонската дипломатија ќе има средба и со неговиот колега Стеф Блок. Во фокусот евроинтегративните процеси на државава.