Њу Делхи
278 жртви во силните бури во Индија за еден месец
15.05.2018 13:46
Медиумите пишуваат дека во текот на првите недели на мај, загинале 223 лица, а во април 55.

Најмалку 278 луѓе загинаа во силните бури што зафатија шест држави во Индија од 11-ти април. Медиумите пишуваат дека во текот на првите недели на мај, загинале 223 лица, а во април 55.
Локалните метеоролози претпоставуваат дека причините за силните природни феномени најверојатно се климатските промени.
