ДПА влегува во Владата

15.05.2018 15:03

Членовите на Централното собрание по денешната дискусија, решиле да се прифати понудата на Заев, ДПА да стане дел од владејачката коалиција.

ДПА ја прифати понудата на премиерот Заев за учество во Владата. Партијата добива едно министерско и едно заменичко место. Членовите на Централното собрание по денешната дискусија, решиле да се прифати понудата на Заев, ДПА да стане дел од владејачката коалиција.

Централното собрание ги утврди и предлозите- Бардиљ Даути, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, и Митасин Бекири, заменик министер за транспорт и врски.

Пред почетокот на Централното собрание на ДПА, денеска во Тетово, претседателот на партијата Мендух Тачи, изјави за медиумите дека добиле конкретна и коректна понуда од премиерот Заев.