Заев: ДПА, БЕСА на Гаши и Сојузот на Ромите влегуваат во Владата

15.05.2018 14:52

Премиерот Заев истакна дека со ова ќе се зголеми и парламентарното мнозинство во Собранието.

Владата се проширува со нови коалициски партнери. Постигнат договор за учество во извршната власт со крилото на БЕСА на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите. Премиерот Заев истакна дека со ова ќе се зголеми и парламентарното мнозинство во Собранието.

„Мое очекување е утре, задутре да ги формализирам предлозите до Собранието, и секако како ќе одлучи Парламентот, така да ги закаже на дневен ред, за да можам да ги образложам и да барам поддршка од мнозинството пратеници за овие промени во владиниот состав. При крајот на мај, со новиот состав ќе разговараме за подолните ешалони, директорски и заменички места“- изјави премиерот Заев.