Ново рочиште за случајот „Таргет- Тврдина“ на 19-ти јуни

15.05.2018 15:28

Специјалното обвинителство смета дека предолго се одолговлекува процесот.

На следното рочиште на 19-ти јуни, судот ќе решава по барањето на СЈО за раздвојување на постапката за обвинетите Грујевски и Бошкоски во случајот „Таргет- Тврдина“. Специјалното обвинителство смета дека предолго се одолговлекува процесот.

Одбраната се спротивстави, бидејќи финалната одлука по барањето за екстрадиција, грчкиот Врховен суд треба да ја соопшти в петок. Во „Таргет- Тврдина“ покрај екс - разузнавачите Грујевски и Бошкоски, обвинети се и екс- министерката за внатрешни Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Мијалков и шефот на неговиот кабинет Јакимовски.