Француска поддршка за евроинтеграцијата на Македонија
Поновите членки на Унијата лесно се провлекоа низ вратите на Европската унија и токму поради тоа критеримумите за преостанатите се заострија- претседателот на Европското движење на Франција, Ив Бертончини пред македонските пратеници. Вели дека Французите ја победиле еврофобијата, но не и евроскептицизмот. Амбасадорот Тимоние со став дека поддршката за земјава е констатнтна...

Французите ја победија еврофобијата, но не и евроскептицизмот. Франција не е расположена за проширување на Европската унија, напротив ја сака малата Европа на 10 до 12 држави- истакна професорот и претседател на Европското движење на Франција, Ив Бертончини пред македонските пратеници.
Поновите членки на Унијата, како Романија и Бугарија, од монетарен аспект полесно се провлекоа низ вратите на ЕУ, но токму поради тоа критеримумите за преостанатите се заострени- смета професорот Бертончини.
Според него Владата направи крупни чекори во приближувањето кон ЕУ. Поддршката за Македонија е константна, рече францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.
Геостратешки и геополитички, регионот на Западен Балкан отсекогаш будел интерес на крупните играчи на светската политичка сцена, но добро е што државите јасно ја имаат трасирано својата цел- Европската унија, оценува Бертончини.
Марина Стојанова- Тонева
