ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно да обелодени што се преговара со Грција

15.05.2018 15:57

Тајноста во преговорите, според генералниот секретар на партијата Јанушев, скриените разговори се само доказ дека се подготвува промена на името.

ВМРО- ДПМНЕ бара лидерска за името веднаш. Како што велат од опозициската партија и македонските граѓани треба да знаат што Заев договара. Тајноста во преговорите, според генералниот секретар на партијата Јанушев, скриените разговори се само доказ дека се подготвува промена на името.

„Нема ниту една причина да нема итна лидерска средба. Власта се плетка во сопствените лаги и лажни надежи искреирани за народот. Кажаа дека претседателот Иванов не е тука, а претседателот на државата  е тука. Кажаа дека проблем бил терминот на одржување на средбата, а досега лидерите не се воопшто исконтактирани за можен термин. Обврска на владата е да бара консензус за вакви историски прашања, а не да се крие и да се дознаваат информации од грчки медиуми за она што грчката влада го сервира во медиумите“, вели Јанушев.

Тој го повика Заев да излезе јавно и да каже што се преговара и што е она што следи. Јанушев рече дека целата оваа ситуација наликува на процес во кој Македонија се става пред свршен чин. Генералниот секретар праша дали решението кое владата го договара или кое веќе е договорено значи и капитулација на Република Македонија.