Во понеделник пресуда за случајот „Поткуп“
Во завршниот збор обвинителката го преквалификува делото и наместо за примање поткуп, побара од судот Заев да биде прогласен за виновен за барање поткуп.

Во понеделник во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Во завршниот збор обвинителката го преквалификува делото и наместо за примање поткуп, побара од судот Заев да биде прогласен за виновен за барање поткуп.
Бидејќи за ова дело е предвидена казна затвор до пет години, беше одлучено пресудата да ја донесе судија поединец, па Судечкиот совет беше распуштен.
Заев очекува ослободителна пресуда, но вели, каква и да биде одлуката на судот ќе ја почитува.
Во обвинителниот предлог се наведува дека Зоран Заев додека бил градоначалник на Струмица побарал поткуп во висина од 160 илјади евра од локален бизнисмен за легализација на градежно земјиште.
