КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Можно е откажување на средбата Трамп- Ким

16.05.2018 10:32

Властите од Пјонгјанг изјавија дека нема да бидат заинтересирани за дијалог со Вашингтон доколку Белата куќа продолжи да инсистира на еднострано откажување од нуклеарната програма.

Откако ја откажа средбата со официјален Сеул, Северна Кореја најави дека е можно да ги откаже и разговорите со САД поради воените вежби со јужниот сосед.

Властите од Пјонгјанг изјавија дека нема да бидат заинтересирани за дијалог со Вашингтон доколку Белата куќа продолжи да инсистира на еднострано откажување од нуклеарната програма.

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е закажана за 12 јуни во Сингапур. Од Стејт департментот велат дека немаат никакви информации за најновите планови на Пјонгјанг.

Пентагон тврди дека воената вежба е рутинска и со одбранбен карактер.