Заев ја прифаќа поканата за ТВ дуел со Мицкоски
Премиерот Зоран Заев ја прифаќа поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за дуел на телевизија, потврдија за МИА од Владата...

Премиерот Зоран Заев ја прифаќа поканата на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ТВ дуел, потврдиле владини извори за МИА.
„Отвореноста е еден од основните принципи според кои работи претседателот на Владата на Република Македионија, Зоран Заев. Постојано комуницираме со јавноста на отворен и двонасочен начин, преку одговори и прашања, но и дебати и дуели. Така што, премиерот Зоран Заев е подготвен за ТВ дуел во секое време со Христијан Мицкоски, бидејќи основа на демократијата се отвореноста и подготвеноста да се соочиш со политичките опоненти“, изјавил за МИА портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
