Поранешниот претседател на Словенија Милан Кучан во посета на Македонија

16.05.2018 10:51

Кучан ќе има повеќе средби во Скопје, меѓу кои и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија.

Кучан ќе има повеќе средби во Скопје, меѓу кои и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Првиот словенечки претседател утре ќе има предавање на годишната меѓународна конференција за европски интеграции на тема „Европа и Балканот“. Конференцијата е во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.