Брисел

Могерини: работиме за решение за Иран

16.05.2018 11:05

Состанок одржа со шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Германија и на Франција на кој разговарале за начините да го одржиме нуклеарниот договор во живот.

Европската унија не може да даде правни и економски гаранции за Иран, но е сериозна во намерата да се најде начин инвестиции да пристигнат во Иран и да даде конкретни мерки во следните неколку недели, соопшти шефот на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини.

Состанок одржа со шефовите на дипломатиите на Иран, Британија, Германија и на Франција на кој разговарале за начините да го одржиме нуклеарниот договор во живот.

Ќе бидат разгледани мерки кои на Техеран ќе му дозволат извоз на нафта, а на европските банки да продолжат со работа. Групата ќе има состанок и следната недела во Виена, на ниво на заменици министри за надворешни работи