ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ
В петок состанок за Изралеско- палестинскиот конфликт
16.05.2018 11:16
В петок е закажан состанок на Советот за човекови права, во кој учествуваат 47 држави, за да се дискутира за влошената состојба со човековите права во окупираните палестински територии.

Без заедничка одлука и со меѓусебни обвинувања на израелскиот и палестинскиот амбасадор мина вонредната седница Советот за безбедност на ОН. В петок е закажан состанок на Советот за човекови права, во кој учествуваат 47 држави, за да се дискутира за влошената состојба со човековите права во окупираните палестински територии.
Поради насилствата и жртвите во најновиот конфликт со Израел предизвикан од преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, палестинскиот претседател Махмуд Абас го отповика својот претставник во Вашингтон.
