Хан за „Та неа“: Може да се најде решение на името, но важен е и квалитетот на договорот
Со оглед на напорите што ги вложија двете страни со посредство на претставникот на ОН, Метју Нимиц, убеден сум дека може да се најде решение- вели еврокомесарот за проширување, Хан...

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за грчкиот весник „Та неа“, изрази убеденост дека може да се постигне решение за името, и оценува дека во Софија нема да биде одлучувачката точка за тоа дали ќе има решение, туку тоа што е важно во овој процес е квалитетот на договорот.
Со оглед на напорите што ги вложија двете страни со посредство на претставникот на ОН, Метју Нимиц, убеден сум дека може да се најде решение. Дали тоа ќе се случи уште во Софија не е одлучувачката точка, тоа што е важно е квалитетот на договорот. Доколку е изводливо во Софија, ќе биде уште подобро. Но, најважна е одлучноста на двајцата лидери да стигнат до компромис прифатлив за двете земји. Решението не е добро само за Поранешната Југословенска Република Македонија, туку и за целиот регион, вели Хан во интервјуто за „Та неа“.
Како што пренесува МИА, комесарот за проширување на ЕУ во интервјуто говори и за европската перспектива на Македонија и Албанија и напредокот што го имаат направено овие две земји.
