Заев и Ципрас утре на втора тет-а-тет средба во Софија

16.05.2018 12:56

Владини извори потврдија за МИА дека новата средба меѓу двајцата премиери ќе се одржи на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија, на кој ќе се расправа за европерспективите на земјите од регионот.

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, утре во 10 часот и 30 минути, по бугарско време, во Софија ќе ја имаат својата втора тет-а-тет средба. Владини извори потврдија за МИА дека новата средба меѓу двајцата премиери ќе се одржи на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија, на кој ќе се расправа за европерспективите на земјите од регионот.

Средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името. Последните изјави, и од македонска и од грчка страна, сепак, се проткаени со воздржаност за тоа дека токму оваа средба ќе вроди со конечен договор за името.