Фити: Македонскиот јазик е дел од идентитетот и мора да се почитува

16.05.2018 12:59

Битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници, нагласи академик Фити.

Македонскиот јазик e одамна кодифициран, постои и не може да исчезне, тоа е вековна традиција, изјави претседателот на МАНУ, академик Таки Фити. Битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници, нагласи академик Фити.

Што се однесува со проблемот со името, Фити посочи дека македонскиот јазик мора да биде евидентиран онака како што е евидентиран и во Обединетите нации „Macedonian“.

Неможеме ние да прифатиме, и тоа е став на МАНУ, кога се зборува за јазикот на земјата да се пишува на латиница и да се изговара онака како што ние го изговараме македонски. Тој мора во ОН да биде формулиран како „Macedonian language“. Тоа е став што навлегува во суштинските идентитетски прашања и тука нашите сугестии до Владата се апсолутно јасни и цврсти, додаде Фити.