Продолжување на кризната состојба на границата до 31- декември
16.05.2018 13:17
Предлог- одлуката за продолжување на кризната состојба денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност...

Кризната состојба на подрачјата на јужната и на северната граница на земјава ќе биде продолжена до 31-ви декември годинава поаради зголемен обем на транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.
Предлог- одлуката за продолжување на кризната состојба денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, а на пленарна седница е ставена на 21-ви мај.
