МВР: Уапсени шести лица за транспорт на наркотични дроги
16.05.2018 13:23
Од МВР информираат дека се прибавени докази за транспорт на половина килограм кокаин од Белгија до Македонија, заедно со околу килограм ипол смеса за мешање.

Сузбиена е организирана криминална група составена од шест лица кои што биле вмешани во недозволена трговија со наркотици, кокаин и со марихуана. Од слобода се лишени пет лица, додека шестиот член на групата е во притвор во соседна Србија.
Од МВР информираат дека се прибавени докази за транспорт на половина килограм кокаин од Белгија до Македонија, заедно со околу килограм ипол смеса за мешање.
Во вториот случај, пак, станува збор за 128 килограми марихуана што биле пренесувани од Косово кон Србија.
