Матурска парада на 18-ти мај

16.05.2018 13:27

Во проектот учествуваат матуранти од 62 града од Европа. Покрај танцот, составен дел од парадата е и заклетвата за ненасилство на учесниците, во сите градови во земјите во кои се одржува.

В петок точно напладне на Плоштад „Македонија“ ќе се одржи 12-та матурска парада. Годинава под отворено небо ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и од Куманово.

Во проектот учествуваат матуранти од 62 града од Европа. Покрај танцот, составен дел од парадата е и заклетвата за ненасилство на учесниците, во сите градови во земјите во кои се одржува.

Покровители на манифестацијата во Скопје се градоначалникот Шилегов и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија