Судењето за „Монструм“ почна од почеток
16.05.2018 13:29
Судењето за „Монструм“ почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година. Судењето за „Монструм“ почнува од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
На почетокот на рочиштето обвинителката Фатиме Фетаи рече дека СЈО го презема овој предмет кога Врховнит суд ги укина пресудите на првостепениот и второстепениот суд и предметот е вратен на повторно судење.
Обвинителката Фетаи од судот побара на прво и второобвинетиот, да им се суди во отсуство, бидејќи се недостапни.
